Hasan Esen
12 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 627 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 32.692, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Британија се вели дека по последните 24 часа се детекторани 3.043 лица позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на заразени со новиот тип на коронавирусот во Британија се зголеми на 226.463.
Во соопштението се наведува дека изминатите 24 часа се изработени 85.293 тестирања, со што вкупниот број на тесови во Британија изнесува 2.007.146.
Велика Британија се наоѓа на првото место во Европа според бројот на смртни случаи, а втора во светот по САД.