Bahattin Gönültaş
18 Март 2020•Ажурирај: 20 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Германската телекомуникациска компанија „Дојче телеком“ започна да им дава податоци на научниците за тоа како се шири новиот вид коронавирус Ковид-19 во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во германските медиуми, „Дојче телеком“ започнала да испраќа бесплатни податоци за следење на анонимните мобилни движења до Институтот „Роберт Кох“ (RKI), надлежен орган за епидемиите како што е епидемијата на коронавирусот.
Наведено е дека податоците се развиени со дозвола од надлежните органи и нема да се користат за следење поединечни граѓани или заразени лица.
Исто така се истакнува дека податоците ќе бидат користени од страна на научниците за мапирање на движењата на луѓето во проценките за ширењето на Ковид-19 во Германија.
Благодарение на податоците што ќе пристигнуваат до нив, научниците ќе можат да мерат дали социјалната подвижност и контактите се намалуваат во согласност со преземените мерки.