Sinan Doğan
10 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Мексико починаа две бебиња, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во мексиканскиот печат, во мексиканските сојузни држави Халиско и Гванахуато, во западниот дел на земјата, починале две петмесечни бебиња кои имале симптоми на Ковид-19.
Секретарот за здравство на Гванахуато, Даниел Дијаз Мартинез, истакна дека бебињата во болницата се лекувале околу две недели и дека покрај вложените напори, докторите не успеале да ги спасат.
Нагласувајќи дека сè уште не е утврдено како бебињата се заразиле со вирусот, Мартинез рече: „Веројатно е дека новороденчињата биле заразени од некој што однадвор дошол во нивниот дом.“
Мартинез рече дека оваа информација ја споделиле со да ја подигнат свеста кај јавноста. Тој исто така ги предупреди семејствата децата без некоја посебна потреба да не ги пуштаат надвор.
Наведено е дека во Мексико со Ковид-19 заразени се 152 деца под 15-годишна возраст.
Од коронавирусот во земјата досега починале 14.649 лица, додека бројот на евидентирани случаи изнесува 124.301.