Muhammed Emin Canik
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
БУЕНОС АИРЕС
Во последните 24 часа новиот тип коронавирус (Ковид-19) е причина за смртта на 3.869 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.869 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 321.515.
Бројката на починати во текот на последните 24 часа претставува највисока бројка на починати од почетокот на пандемијата во Бразил во едно деноноќие.
Станува збор за втор последователен ден со рекордна бројка на починати на дневно ниво.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 90.638, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 12.748.747.
Во оваа земја досега оздравеа 11.169.937 лица претходно позитивни на Ковид-19.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил со популација од 210 милиони жители е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати.
Оваа земја минува низ тежок период бидејќи во последните недели исполнети се капацитетите на одделенијата за интензивна нега поради варијантата П1 чие ширење е поинтензивно, а за која се смета дека се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.
Во последната недела во земјата во просек од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го изгубија 2.700 лица, додека просекот на заразени на дневно ниво изнесува 75.000.