Sarp Özer
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
За време на операцијата „Канџа-тигар“, која Вооружените сили на Турција ја спроведуваат против терористите на северниот дел на Ирак, неутрализирани се тројца терористи на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вооружените сили на Турција (ТСК) успешно продолжуваат да ја спроведуваат операцијата „Канџа тигар“, по зголемените безбедносни закани на терористите на ПКК од северниот дел на Ирак.
Споменатата операција е започната веднаш по операцијата „Канџа-орел“, а командосите ги уништуваат позициите на терористите во Хафтанин. Според сознанијата на новинарот на АА, се дознава дека во судирот биле неутрализирани тројца терористи.
Спроведувањето на операцијата го набљудува и министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Планинските региони Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк, Зап и Хафтанин се наоѓаат во северен Ирак и претставуваат главно гнездо на терористичкото движење ПКК.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северна Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони се засноваат на правата на Турција засновани врз меѓународниот закон за самоодбрана и резолуциите на ОН за борба против тероризмот.