Dilan Pamuk
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
АНКАРА
Во светот досега се администрирани повеќе од 1,9 милијарди дози вакцини, според податоците собрани од „Ourworldindata.org“, веб-страницата која го следи процесот на вакцинирање на светско ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кина е предводник на глобално ниво со администрирани 639,17 милиони дози вакцини, по која следуваат САД со администрирани 294,93 милиони дози.
Во Индија се администрирани 208,67 милиони дози вакцини, во Бразил 67,09 милиони дози, Велика Британија 64,59 милиони дози, Германија 49,94 милиони дози, Франција 36,08 милиони дози, Италија 34,47 милиони дози и во Мексико се администрирани 30,29 милиони дози.
Турција е 10-та на листата, со администрирани над 28,97 милиони дози, по која следуваат Русија, Шпанија, Индонезија и Канада.
Земјата со најмногу администрирани дози вакцини според својата популција е источноафриканската островска држава Сејшели, со 136,74 дози на 100 луѓе.
Вакцините за Ковид-19 кои до денес се користат или пак се дозволени за употреба во итни случаи, се администрираат во две дози со потребата од изминување на период за аплицирање на втората доза, освен една од нив. Затоа, бројката на администрирани дози не се совпаѓа со бројката на вакцинирани лица.
Од декември 2019 година досега, пандемијата на новиот тип на коронавирус однесе над 3,54 милиони животи во 192 земји и региони од светот, со повеќе од 170,37 милиони случаи пријавени низ светот, според податоците што ги објави Универзитетот „Џон Хопкинс“.
САД, Индија и Бразил остануваат најтешко погодени земји во однос на бројот на смртни случаи и заразени со Ковид-19.