Nuri Aydın,Zuhal Demirci
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АНКАРА (AA) - Бројот на заразени со новиот тип коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 5,3 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува најновите информации за пандемијата, бројот на заразени низ светот достигна 5.307.412.
Соединетите Американски Држави (САД) со 1.645.353 потврдени случаи се земја со најмногу заразени.
Следуваат Бразил (332.382), Русија (326.448), Шпанија (281.904), Велика Британија (254.195), Италија (228.658), Франција (182.219), Германија (179.713) и Турција (154.500).
Други земји со повеќе од 50.000 потврдени случаи на Ковид-19 се Иран (131.652), Индија (125.149), Перу (111.698), Кина (82.971), Канада (82.480), Саудиска Арабија (67.719), Мексико (62.527), Чиле (61.857), Белгија (56.511) и Пакистан (52.437).
Коронавирусот е регистриран во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а набргу се прошири во речиси сите земји од светот.