Emel Gözellik
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Сингапур регистрирани се 407 лица заразени со коронавирусот, додека во Јужна Кореја 34, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за здравство на Сингапур соопшти дека бројот на заразени во земјата се зголемил за 407 во последните 24 часа и изнесува 40.604, објави телевизискиот канал Си-ен-еј (CNA).
Меѓу новозаразените само девет се државјани на Сингапур или се лица кои имаат постојан престој, додека останатиот дел се странски работници.
Како последица на вирусот почина уште едно лице, со што бројот на смртни случаи порасна на 26.
Податоците од веб-страницата „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека во Сингапур од Ковид-19 оздравеле 28.808 лица, и дека активни се 11.770 случаи.
Центарот за контрола и превенција на болести, пак, на Јужна Кореја соопшти дека во изминатите 24 часа во земјата потврдени се 34 новозаразени лица, најголем дел во Сеул.
Бројот на заразени во земјата се зголеми на 12.085, а смртни случаи како последица на Ковид-19 не се регистрирани. Досега од вирусот починаа 277 лица.
Битката со коронавирусот ја надминаа 10.718 лица, а активни се 1.090 случаи.