Burcu Çalık Göçümlü
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА
Последните 24 часа во Турција од Ковид-19 оздравеа 1.009 лица, вкупно 204.011 заразен од почетокот на пандемијата досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период се детектирани 928 новозаразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а 18 лица ги загубија животите. Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата во Турција изнесува 221.500, додека досега се регистрирани 5.526 починати.
Според информациите достапни на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција и објавата што на социјалната мрежа ја постави министерот Коџа, „Дневниот преглед на коронавирусот во Турција“ покажува дека последните 24 часа се изработени 42.846 тестирања, а кај 928 лица е откриен коронавирусот. Последните 24 часа животот го загубиле 18 лица, а 1.009 оздравеле.
Вкупниот број на изработен итестирања достигна бројка од 4.359.627, вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 221.500, додека животот го загубија 5.526 лица како последица на заразеност со коронавирусот.
На интензивна нега се наоѓаат 1.246 пациенти, на респираторни уреди се врзани 379 болни, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 204.011.
- „Во 21 област немаме болни на одделенијата за интензивна нега“
Министерот за здравство Фахретин Коџа, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со последните информации поврзани со пандемијата на коронавирусот во Турција напиша „Последните 3 дена намалена е бројката на пневмонија, а во 21 област немаме болни на одделенијата за интензивна нега“.