Abdulkadir Karakaya
21 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
АНКАРА
Фудбалските натпревари во Холандкија поради пандемијата на коронавирусот нема да се одржуваат до 1. септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Холандија Марк Руте на конференцијата за медиумите ги соопшти новите превентивни мерки во насока на спречување на ширење на заразата.
Руте наведе дека „големите манифестации“, вклучувајќи ги тука и спортските средби, се забранети до 1. септември.
Претходно донесената забрана за одржување на состаноците и манифестации со голем број учесници важеше до 1. јуни.