Selman Aksünger
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ХАГ
Холандскиот премиер Марк Рут изјави дека мерките против ширењето на Ковид-19 од 11 мај ќе бидат ублажени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рут во изјава за медиумите соопшти дека холандските власти се одлучиле за постепено укинување на мерките и изјави дека некои образовни установи на 11 мај ќе бидат отворени.
Според неговата изјава, на 11 мај ќе биде дозволена работа на градинките и центрите за специјална едукација, а останатите образовни установи ќе започнат со активностите на 1 јуни.
Рут изјави дека во рамките на донесената одлука, предавањата ќе бидат организирани во две групи.
Тој изјави дека потполното укинувањето на мерките би било опасно и дека забраната за колективни настани ќе биде на сила до 1 септември.