Cüneyt Karadağ
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
БЕРЛИН
Во Германија, во последните 24 часа откриени се уште 6.638 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот „Роберт Кох“, кој врши истражувања во областа на заразните болести во Германија и во оваа насока ја информира Владата.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во земјата откриени се уште 6.638 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи со Ковид-19 во Германија се зголеми на 341.223.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 33 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во Германија порасна на 9.710.
Во Германија досега оздравеа 284.600 лица.