Ruslan Rehimov
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија спречи обиди за напад на ерменската Армија и им нанесе сериозни загуби на ерменските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека ситуацијата во Агдере, Агдам, Фузуили, Џебраил и Хадрут е тензична, исто како и во претходните денови.
Исто така се нагласува дека нападите на ерменските сили извршени во текот на ноќта биле спречени од азербејџанската Армија и дека ерменските сили морале да се повлечат претрпувајќи сериозни загуби.
Според Министерството, уништени се 2 тенка од типот „T-72“, 4 ракетни системи „Град“, по една хаубица од типовите „Д-20“ и „Д-30“, 2 хаубици од типот „Д-1“, неколку беспилотни летала и неколку возила на ерменските сили.
Меѓу другото се истакнува дека ерменските сили кои се наоѓаат во окупираните територии жестоко се нападнати и дека возилата, муницијата и горивото на непријателот се речиси при крај.
Се додава дека азербејџанската Армија го почитува хуманитарниот прекин на огнот и има предност на целиот фронт.