Mesut Zeyrek
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
БЕРЛИН (АА) - Мерките преземени на 22 март со цел да се спречи ширењето на епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во Германија, почнаа постепено да се ублажуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во согласност со мерките што ги договорија минатата недела Владата и сојузните покраини, од денес дозволена е работата на продавниците помали од 800 метри квадратни, без оглед на понудата.
Отворените продавници почнаа со работа, но со примена на строги хигиенски мерки. Меѓутоа, денес таму можеше да се видат само мал број граѓани.
Се забележува дека луѓето се придржуваат до правилата за социјална дистанца, а некои од нив носеа маски со цел да се заштитат од вирусот.
Сè уште не е дозволена работата на рестораните, кафулињата и клубовите. Освен тоа, без оглед на величината, овозможена е работата на продавниците за автомобили и велосипеди, како и на книжарниците.