Havva Kara Aydın
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Иран денес потврди уште 51 смртен случај како последица на коронавирусот во текот на изминатите 24 часа, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 6.988, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа регистрирани се уште 1.806 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се искачи на 120.198, објави државната телевизија на Иран, повикувајќи се на соопштението од Министерството за здравство.
Се додава дека досега од вирусот закрепнале и се отпуштени од болница 94.464 пациенти, додека 2.705 пациенти се во критична состојба.
Во Иран, една од најтешко погодените земји на Блискиот Исток, вирусот Ковид-19 најпрво беше детектиран во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири низ целата земја.
Вирусот за првпат се појави во кинескиот град Вухан, минатиот декември, а потоа се прошири во речиси 200 земји и региони низ светот.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус во светот надмина 312.000, регистрирани се над 4,65 милиони потврдени случаи, а над 1,69 милиони луѓе се излекуваа од вирусот.