Şerife Çetin
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската премиерка Софи Вилмс посети една од бриселските болници, каде што се соочи со необичен протест на медицинските работници, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Вилмс ја посетила болницата „Сен-Пјер“ во Брисел, а при влегувањето на нејзиниот автомобил во кругот на болницата персоналот го свртел грбот кон нејзиниот автомобил, јавија локалните медиуми.
Здравствените работници порачаа дека организирале ваков протест со цел да го привлечат вниманието кон намалувањето на буџетот на здравствениот сектор во периодот кога одговорна за буџетот била актуелната премиерка.
Вилмс во текот на посетата на болницата разговараше со персоналот, при што укажа на значењето на дијалогот. Таа порача дека по кризата предизвикана од новиот вид коронавирус (Ковид-19), треба да се работи на измени на законите поврзани со здравствениот персонал.
Во Белгија досега се регистрирани 54.989 случаи на коронавирусот, а починати се 9.005 лица.