Mustafa Melih Ahıshalı
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Во Иран, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, животот го загубија 60 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 5.710, а бројот на заболени на 90.481, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, соопшти дека 60 лица ги загубиле своите животи во последните 24 часа поради Ковид-19.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 5.710, рече дека бројот на заболени се искачил на 90.481, со зголемување од нови 1.153 случаи во последните 24 часа.
Наведувајќи дека 3.079 пациенти се во критична состојба, Џиханпур рече дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 69.657 лица.
Ковид-19 за првпат во Иран е откриен во градот Ком на 19 февруари.