Atila Altuntaş
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
СТОКХОЛМ (АА) - Емрула Ѓулушкен, турски државјанин кому во Шведска му беше потврден коронавирусот, а не беше примен во болница, е префрлен заедно со своето семејство во Турција со авион за медицинска евакуација на Министерството за здравство на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Турција испрати авион во Шведска за свој државјанин заразен со коронавирусот
Турскиот авион, кој утрово слета на аеродромот „Стуруп“ во Малме, каде што го зеде семејството Ѓулушкен, таткото Емрула и трите деца, полета за Турција.
Ќерката на Емрула, Лејла Ѓулушкен, која остана во Шведска, за новинарот на АА изјави дека моментот кога на аеродромот го видела авионот кој пристигнува за нејзиниот татко, за неа бил многу емотивен.
„По објавувањето на веста на Агенција Анадолија добивме бројни повици од турските официјални лица. Министерот за здравство, Фахретин Коџа, испрати авион. Навистина сме горди на нашата земја“, рече Лејла.