Mustafa Melih Ahıshalı
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Новиот вид коронавирус Ковид-19 е откриен кај бебе на возраст од 35 дена во областа Гунабад во иранската покраина Резеви Хорасан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за новинската агенција „Тесним“, ректорот на Универзитетот за здравствени науки во Гунабад, Џевад Базели, изјави: „Направен беше тест за Ковид-19 кај бебе на возраст од 35 дена донесено во болница поради тешко дишење. Резултатот од тестот беше позитивен.“
Наведувајќи дека бебето е најмалиот пациент со дијагностициран Ковид-19 во земјата, Базели рече дека состојбата на бебето се подобрува.
Ковид-19 во Иран најпрво беше регистриран на 19 февруари во градот Ком, а потоа се рашири речиси низ целиот Иран.
До вчера во Иран од Ковид-19 починаа 2.517 лица, а бројот на заболени достигна до 35.408.