Handan Kazancı
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
АМСТЕРДАМ (АА) - Холандските власти вратија 600.000 неисправни маски увезени од Кина, насреде борбата против новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што наведуваат холандските медиуми, Министерството за здравство на Холандија вратило 600.000 маски FFP2 од вкупно 1,3 милион увезени маски од Кина, бидејќи не ги задоволувале стандардите за квалитет.
Во Холандија од коронавирусот досега починаа 639 лица, а пријавени се 9.762 случаи на заразени.
Досега во светот се регистрирани над 665.000 заразени со коронавирусот, додека бројот на починати надмина 30.900. Речиси 148.000 луѓе закрепнаа од вирусот.