БОГОТА (АА) - Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 595 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 225.099. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 24.591, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 9.229.322.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.077.967 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 564 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.448 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 159.100 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 2.064.109. Во оваа земја досега оздравеа 1.452.748 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 275 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 48.249. Во истиот период детектирани се 6.614 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.933.853.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.729.999 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 289 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 54.272.
Во последните 24 часа детектирани се 9.622 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.104.506. Во оваа земја досега оздравеа 1.954.674 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 155 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.710 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.142.716, од кои починаа 41.181 лице, а оздравеа над 1.057.145 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 85 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 18.537.
Во истиот период регистрирани се нови 3.779 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 730.888, а оздравеа вкупно 686.374 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 31 смртeн случаj, вкупно 14.890 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 158 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 250.986. Досега во Еквадор оздравеа 209.814 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 60 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.464.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 218.299, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.439. Досега оздравеа 160.326 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 30 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 5.673. Во истиот период детектирани се 128 новозаразени, вкупно 159.632 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 143.065 лица што претходно биле позитивни на коронавирусот.
- Панама -
Министерството за здравство на Панама соопшти дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 починале 26 лица, вкупно 5.296 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 724 новозаразени, зголемувајќи ја вкупната бројка лица позитивни на коронавирусот на 321.103. Досега во оваа земја оздравеле 278.442 кај кои бил регистриран Ковид-19.
news_share_descriptionsubscription_contact
