Sinan Doğan
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема животи во земјите на Латинска Америка, известува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа како последица на заразувањето со Ковид-19 во Бразил починаа 698 лица, во Мексико таа бројка изнесува 800, во Аргентина 228, во Колумбија 183, во Перу 45 и 61 во Еквадор.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 698 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 174.515. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 49.863, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 6.436.065.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја оздравеа 5.698.353 лица позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 800 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.251 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 107.565 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.133.613. Во оваа земја досега оздравеа 836.567 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 228 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 39.156. Во истиот период детектирани се 7.533 новозаразени, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.440.103.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.268.358 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 183 лица, така што вкупниот број смртни случаи достигна 37.117.
Во последните 24 часа детектирани се 9.297 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.334.089. Во оваа земја досега оздравеа 1.225.635 заразени со Ковид-19.
Колумбија, со популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 45 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.847 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 967.075, починаа 36.076 заразени, а оздравеа 899.213 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 61 смртен случај, вкупно 13.562 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.203 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 194.876. Досега во Еквадор оздравеа 169.804 лица кои биле позитивни на коронавирусот.