Emel Gözellik
03 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) ја предизвика смртта на повеќе од 1,5 милиони луѓе во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19 животот го загубија 1.500.454 лица, а бројката на лица позитивни на коронавирусот достигна 64.904.955.
Најголем број на смртни случаи во светот има во Соединетите американски држави (САД), каде досега животот го загубија 279.867 заразени.
По САД следат Бразил со 174.531, Индија со 138.657, Мексико со 107.565, Велика Британија со 59.699, Италија со 57.045, Франција со 53.816, Иран со 48.990, Шпанија со 45.784, Русија со 41.607 и Аргентина со 39.156 починати.
Од почетокот на заразата со новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и набргу се прошири низ целиот свет, досега оздравеа 44.995.350 заразени.