Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
АНКАРА
На светско ниво новиот тип на коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 93.628.800 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет страницата „Worldometers“ која секојдневно ги ажурира податоците во врска со бројката на заразани и смртни случаи во земјите од светот, објави дека досега животот го загубиле 2.004.690 лица.
Вкупниот број на заразени со коронавирусот на светско ниво се зголеми на 93.628.842, а оздравеа 66.933.328 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Најголем број на заразени и смртни случаи во светот се регистрирани во САД. Во оваа земја детектирани се 23.848.410 случаи на зараза со Ковид-19, од кои животот го загубија 397.994 лица.
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на заразени со коронавирусот надминува 1 милион:
Индија (10.528.508), Бразил (8.326.115), Русија (3.495.816), Велика Британија (3.260.258) Франција (2.851.670), Турција (2.364.801), Италија (2.336.279), Шпанија (2.211.967), Германија (2.004.11), Колумбија (1.849.101), Аргентина (1.770.715), Мексико (1.588.369), Полска (1.414.362), Иран (1.311.810), Јужноафриканска република (1.296.806), Украина (1.146.963) и Перу (1.048.662).
Земји во светот во кои, покрај САД, бројката на смртни случаи надмина 10.000:
Бразил (207.160), Индија (151.954), Мексико (137.916), Велика Британија (86.015), Италија (80.848), Франција (69.313), Русија (63.940), Иран (56.538), Шпанија (53.079), Колумбија (47.491), Германија (45.492), Аргентина (45.125), Перу (38.564), Јужноафриканска република (35.852), Полска (32.456), Индонезија (25.246), Турција (23.495), Украина (20.542), Белгија (20.294), Канада (17.538), Чиле (17.294), Романија (17.35), Еквадор (14.246), Чешка (14.029), Ирак (12.922), Холандија (12.774), Унгарија (11.177), Пакистан (10.863) и Шведска (10.185).