Riyaz Khaliq
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА
Кина денес го укинува карантинот во Вухан кој траеше 76 дена со цел спречување на ширењето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 12.00 часот по локално време, властите дозволија движење на сообраќајот надвор од главниот град на централната покраина Хубеи, каде што беше забележан за прв пат вирусот, објави дневниот весник Глобал Тајмс
Властите во земјата минатиот месец објавија дека ќе ги укинат ограничувањата во Вухан до 8 април. Во Вухан живеат речиси 11 милиони лица.
Кина на 23 јануари го ограничи слободното движење во Вухан за да го спречи ширењето на Ковид-19.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот.
Во светот се регистрирани над 1,36 милион потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е близу 76.000.