Nuri Aydın
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АНКАРА - На глобално ниво оздравеа повеќе од 7.5 милиони лица заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што ги објави интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со коронавирусот во земјите од светот, досега на глобално ниво оздравеа 7.500.755 лица заразени со коронавирусот.
На листата 10 земји со најголем број оздравени лица од Ковид-19 се: САД (1.490.702), Бразил (1.213.512), Индија (537.585), Русија (501.061), Чиле (281.114), Иран (219.993), Перу (214.152), Италија (194.579), Турција (193.217) и Германија (184.500).
Вирусот кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот, претворајќи се во пандемија.
Досега во светот дијагностицирани се 12.869.079 лица заразени со коронавирусот, од кои 568.291 лице починаа од последици предизвикани од вирусот.