Ali Cura
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 727.162, додека бројот на починати како последица на овој вирус се зголеми на 11.335, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа откриени се уште 6.615 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата порасна на 727.162.
Во последното деноноќие во земјата починаа уште 130 лица како последица на овој вирус. Со ова вкупната бројка на починати во Русија се зголеми на 11.335.
Во земјата во последните 24 часа излекувани се 3.615 пациенти, вкупно досега 501.061.
Асимптоматски се 22,5 отсто од новите случаи со коронавирусот.
Се истакнува дека во последните 24 часа направени се 322.000 тестирања, вкупно досега се спроведени над 23 милиони тестирања за Ковид-19.
Во Русија првиот случај на Ковид-19 беше потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај поврзан со Ковид-19 е регистриран на 19 март.
Кон крајот на март се воведени низа мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.