Hasan Esen
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 181 лице како резултат на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агеција Анадолија (АА).
Според соопштението на британскиот Институт за јавно здравјо, со овој раст, вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се искачи на 759 лица.
Бројот на случаи се зголеми за 2.921, односно на 14.579 случаи, додека досега се извршени 113.777 тестирања.
Инаку, во текот на денот беше соопштено дека британскиот премиер Борис Џонсон и британскиот министер за здравство Мет Ханкок биле позитивни на Ковид-19.
Во понеделникот беше донесена одлука за ограничување на движењето на населението, а беше одлучено и да се затвораат сите продавници освен маркети и аптеки.