Ata Ufuk Şeker
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
БРИСЕЛ
Европскиот парламент ги одобри итните превентивни мерки што Комисијата на Европската Унија ги подготви како превенција од пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот парламент организираше вонредна седница на Генералното собрание во Брисел во врска со специјалните мерки поврзани со Ковид-19.
На седницата со 783 гласа „за“ изгласан е Инвестициски фонд за борба против коронавирусот со вкупна вредност од 37 милијарди евра, со 671 глас „за“ изгласан е Фонд за солидарност во висина од 800 милиони евра и со 686 гласа „за“ суспендирани се правилата за дозвола за лет.
За сите овие изгласани регулативи да стапат во сила потребно е да бидат изгласани и од Советот на ЕУ и да бидат објавени во Службениот весник на ЕУ.