Emel Gözellik
21 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.157 лицa, во Бразил 363, а во Мексико 235, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.157 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 87.909.
Покрај тоа, во последните 24 часа се откриени уште 86.961 случај со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.487.580.
Досега во земјата, која има популација од над 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 4.396.399 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 363 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 136.895 лицa.
Дијагностицирани се 16.389 новозаразени, со што вкупниот број на евидентирани случаи со коронавирусот порасна на 4.544.629.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.851.227.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 235 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 73.493.
Во Мексико се откриени 3.542 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 697.633.
Досега во земјата оздравеа 499.302 лица претходно заразени со Ковид-19.