Muhammed Emin Canik
18 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС
Во Бразил, во изминатите 24 часа од последиците на вирусот починаа 1.269 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 46.510, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Министерството за здравство на Бразил покажуваат дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 32.188 лица и дека вкупниот број на заразени достигна 955.377.
Жариштето на Ковид-19 во Бразил е Сао Паоло, кој има 46 милиони жители.
Во Сао Паоло со Ковид-19 се заразени 191.517 лица, од кои 11.521 лице ја изгубиле борбата со вирусот.
По Сао Паоло најмногу случаи се забележани во Рио де Женеиро, каде што се заразени 86.963 лица, од кои 8.138 починале.
Бразил, кој воедно е и епицентар на заразување во Латинска Америка, стана втора земја во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19.