Dmitri Chirciu,Ali Cura
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 12.247, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 765.437, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контролирање и спречување на инфекцијата на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се уште 6.234 случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во Русија се зголеми на 765.437.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 124 лица од овој вирус. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 12.247.
Во земјата излекувани се уште 7.490, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 546.863.
Во процес на лекување се 206.327 лица.
Досега во Русија направени се над 24 милиони и 600 илјади тестирања за Ковид-19.