Ali Cura
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.685, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 922.853, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.969 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 922.853.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 68 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 15.685.
Оздравеа уште 3.557 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 732.968 лица.
Во Русија направени се над 32,5 милиони тестирања за Ковид-19.