Elena Teslova
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
МОСКВА
Русија денес достигна нов рекорд во бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот, со 1.178 починати во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број починати во земјата изнесува 240.871, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на нови дневни случаи на заразување во Русија се зголеми за 39.008, на вкупно 8,59 милиони, соопшти Националната работна група за коронавирусот. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 939.698 случаи.
Бројот на оздравени се зголеми за 30.905 од понеделникот и достигна 7,41 милион, се вели во извештајот.
Три случаи на сојот „ми“ и еден случај на „ламбда“ се идентификувани во Русија, соопштија властите.
Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече ситуацијата со коронавирусот во Русија „многу тешка“, истакнувајќи дека бројот на активни случаи е најголем од почетокот на пандемијата.
На 28 октомври низ Русија започна неработна недела, како мерка против епидемијата на коронавирусот.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе повеќе од 5 милиони животи во 192 земји и региони, со над 247 милиони случаи пријавени низ светот, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.