Dildar Baykan
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Новиот вид коронавирус е регистриран кај пет бебиња во сојузната американска држава Мериленд, од кои едно бебе има само еден месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Мериленд, Лери Хоган, објави дека пет бебиња на возраст под една година во државата се позитивни на Ковид-19.
Истакнувајќи дека најмалото бебе има само еден месец, Хоган рече дека од тоа се гледа дека никој не е недопирлив кога станува збор за овој вирус.
Во Мериленд со коронавирусот досега заразени се 2.758 лица, додека починаа 42 лица.
Хоган минатата недела предупреди дека главниот град Вашингтон и околината, вклучувајќи ги Мериленд и Вирџинија, би можеле да бидат нов центар на коронавиусот во САД.