Ekip
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
ОВИЕДО
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 195 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи на заразуваањето од почетокот на пандемијата во таа земја е зголемен на 240.660, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починало едно заболено лице, со што бројот на смртните случаи во земјата е зголемен на 27.133.
Меѓутоа, серолошкото истражување спроведено ширум Шпанија покажа дека со коронавирусот се заразени најмалку 2,4 милиони луѓе, односно 5,2 отсто од вкупната популација во таа земја.
Истражувањето по налог на шпанските власти е спроведено во период од 18 мај до 1 јуни и тоа на примерок од 55.000 луѓе.
Прво такво серолошко истражување е спроведено од крајот на април до средина на мај и тоа покажа дека со коронавирусот се заразени најмалку пет отсто Шпанци.
Шпанија е меѓу петте земји кои се најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19, а во изминатите денови бележи значаен пад на бројот на новозаразени и починати на дневна база.
Истражувањето исто така покажа дека 11,4 отсто жители на Мадрид стекна имунитет на коронавирусот, додека тој процент е најмал во Мурсија во која се имуни само 1,4 отсто од жителите.