Zehra Ulucak,Gökhan Varan
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот вирусот Ковид-19 е потврден кај 38.752.972 лица, а оздравени се 29.129.637 заразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на вирусот починаа 1.096.962 лица.
Во светот во моментот има 8.526.374 активно заразени луѓе, од кои 70.410 се тешко болни.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 8.150.043 заразени луѓе и 221.843 починати.
Следува Индија со 7.307.097 заразени и 111.311 починати. Во Бразил се заразени 5.141.498 луѓе, а починаа 151.779 заразени.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.