Dildar Baykan
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е забележан напредок кога станува збор за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп на Твитер ја коментираше епидемиолошката ситуација во земјата.
Претседателот Трамп наведе дека речиси во сите делови на САД продолжуваат да опаѓаат дневните бројки во врска со заразените и починатите од Ковид-19.
„Бројките за Ковид-19 изледаат многу подобри. Забележан е значаен напредок“, изјави Трамп.
Тој критикуваше одредени медиуми и ги нарече „лажни вести“.
„Речиси сите, освен лажните вести, оддадоа признание за нашата борба против Ковид-19. Тие (медиумите) се срам за Америка“, смета Трамп.
Во САД со Ковид-19 се заразени 1.369.157 лица, а од последиците на вирусот починаа 80.807.