Firdevs Bulut
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили уништија експлозиви и рачни гранати поставени на патиштата од страна на терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, се соопштува од Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозивите се запленети во областа која е ослободена во рамките на операцијата Извор на мир, турската прекугранична антитерористичка офанзива во Сирија, се соопштува од Министерството.
„Продолжувајќи ја безбедносната претрага и проверка, нашите командоси пронајдоа и уништија експлозиви и рачни гранати поставени на патиштата од страна на ПКК/ЈПГ, која за мета ги има цивилите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Од Министерството исто така се споделени фотографии од запленети експлозиви и нивна детонација.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.