Buket Güven
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 157.516, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 41.316 тестирања за Ковид-19, од кои 1.214 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 23 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.494 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.863.632 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 185.245 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.905 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 769 лица, 310 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 157.516 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Во Истанбул и Анкара е регистрирана најниската бројка на откриени случаи во неделата. Продолжува да се намалува бројот на новооткриени случаи ширум земјата. Бројот на излекувани лица, исто како вчера и денес е поголем од бројот на новите случаи“, напиша Коџа.