Ali Murat Alhas
28 Јануари 2021•Ажурирај: 29 Јануари 2021
АНКАРА
Турција започна со вакцинацијата против Ковид-19 на лица на возраст од над 75 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вакцинацијата на национално ниво започна на 14 јануари откако кинескиот „Синовак“ доби одобрение за итна употреба од страна на турскиот орган за регулација на лекови.
Досега, вакцинирани се постари граѓани на возраст од над 80 и 90 години во домови за згрижување или во нивните живеалишта.
Исто така, во тек е вакцинацијата и за вработените во аптеки и студентите по фармација.
Според податоците на Министерството, Турција досега вакцинира повеќе од 1,524 милиони лица низ земјата, од кои поголемиот дел се здравствени работници што се борат со вирусот во првите борбени линии.
Вакцината ќе се даде во две дози, во период од 28 дена.
Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Турција денеска надмина 2,44 милиони, бројот на оздравени надмина 2,33 милиони, а бројот на смртни случаи е 25.400.
Според податоците на американскиот Универзитетот „Џон Хопкинс“, пандемијата досега одзеде повеќе од 2,17 милиони животи во 192 земји и региони откако за првпат се појави во декември 2019 година. Забележани се повеќе од 100 милиони потврдени случаи и над 55,86 милиони оздравени лица.