Riyaz Khaliq
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Јапонските произведители на вакцини се цел на кибернапади од почетокот на април, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„И покрај нападите не е дојдено до протекување на информации“, објави новинската агенција „Кјодо“.
Според американската фирма за безбедност на информациите „Краудстрајк“ („CrowdStrike“), нападите биле први случаи од ваков вид во земјата. Се додава дека најверојатно напаѓачите се Кинези.
Националниот центар за подготвеност за инциденти и стратегија за компјутерска безбедност при јапонската Влада побара од производителите на вакцини да го подигнат нивото на претпазливост против ваквите обиди за кражба на доверливи информации.
„Краудстрајк“ вели дека компанијата за вакцини добивала електронски пошти со прикачени електронски датотеки кои навидум биле поврзани со новиот вирус, но содржеле компјутерски вируси.
Директорот на компанијата одговорен за азиско-пацифичкиот регион, Скот Јаркоф, ги поврза кибернападите со трката меѓу земјите за предимство во произведството на вакцина против Ковид-19.
Според Светската здравствена организација (СЗО) и другите податоци, имало речиси 190 проекти за вакцини во тек до крајот на септември, а многу се во завршна фаза на испитувањата.
Од Ковид-19 во светот се заразија речиси 10 милиони луѓе од неговото прво појавување во кинескиот град Вухан во декември минатата година. Над 1,1 милион луѓе во светот починаа од последиците на вирусот.