Vesna Besic
01 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Синоќа на улиците на Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) се одржа традиционалната парада по повод „Ноќта на вештерките“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Парадата започна на Шестата авенија во Њујорк, а синоќа целиот град изгледаше како сцени од хорор филмови поради морничавите костими.

Темата на 49-та парада е „слобода“, на која присуствуваа илјадници луѓе, облечени во неверојатни костими.
„Неверојатна е разновидноста на луѓето тука, како во публиката така и на парадата", рече Оливија Херолд, турист од Париз.
Прославата на „Ноќта на вештерките“ започна пред 49 години, а во тоа време ја воделе куклари.
