Seyit Şamil Kurt
21 Септември 2026•Ажурирано: 21 Септември 2026
Турција ќе продолжи да застанува во одбрана на луѓето што се соочуваат со неправда и угнетување низ светот и ќе ги користи сите расположливи дипломатски средства за да придонесе кон поправеден свет, изјави денес турскиот директор за комуникации, јавува Анадолу.
Во пораката по повод Меѓународниот ден на мирот, Бурханетин Дуран рече дека овој ден, пред сè, служи како потсетник на ситуацијата во Газа.
„Во време кога најосновните човечки вредности се ставени на тежок испит во Газа, заедничка одговорност на човештвото пред страдањата што ги трпат децата, жените и невините цивили е да застане на страната на правдата, совеста и мирот“, рече Дуран.
Тој нагласи дека слушањето на гласот на угнетените, ставањето на човечкиот живот над сите други размислувања и одбраната на правдата за сите се неопходни за создавање свет во кој ќе се живее подобро.
„Турција, под раководство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе продолжи да застанува на страната на оние што се изложени на неправда и угнетување каде и да се во светот, целосно да ги користи можностите што ги нуди дипломатијата и да работи за поправеден свет“, рече тој.
„Нашата надеж е за свет во кој оружјето ќе замолкне, ќе преовладуваат правото и совеста и ниедно дете нема да биде принудено да расте во сенката на војна, угнетување или геноцид“, додаде Дуран.