Muhammed Enes Can
06 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Обвинителството во Истанбул води истрага во врска со наводните тврдења дека државјанинот на Саудиска Арабија, новинар на американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post) Џaмал Кашоги, е заробен по влегувањето во Генералниот конзулат на оваа земја во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
По тврдењата дека саудискоарапскиот државјанин, Џемал Кашоги, по влегувањето во Генералниот конзулат на оваа земја во Истанбул на 2 октомври во 13:00 часот по локално време е заробен во просториите на Конзулатот, Истанбулското републичко обвинителство уште истиот ден започна истрага во врска со случајот.
Во тек е истрага за откривање на сите детали околу настанот.