AP
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
БАНГУИ (АА) – Папата Фрањо срдечно е дочекан во главниот град на Централно-африканската Република, Бангуи, каде што ќе се задржи 26 часа, јавува Anadolu Agency (АА).
Голем број граѓани се собраа денес во главната градска џамија, каде папата упати повик за сопирање на меѓуетничките судири. Потсетувајќи на секташкото насилство кое во градот изби пред приближно две години, папата истакна дека муслиманите и христијаните на тој простор со години живееле во мир.
Во таа пригода рече дека муслиманите и христијаните се браќа и дека така мора да живеат.
Папата Фрањо во својот прв пасторски поход на африканскиот континент каде за пет дена ги посети Кенија и Уганда како и Централно-африканската Република, која се смета за најризична земја. И покјрај тоа, папата Фрањо ги одби предлозите да ја „заобиколи“ таа земја.
Посетата на Бангуи е прва посета на папата на, со судири зафатеното место, кое денес го обезбедуваат голем број припадници на Обединетите нации.