????
13 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Папата Френсис ги поддржа заедничките напори на сите кои учествуваа во изработка на Глобалниот договор за климатските промени во саботата во Париз, порачувајќи дека договорот сега треба да се реализира на дело, јавува Anadolu Agency (AA).
Во говорот посветен на заштитата на животната средина на Земјата, папата рече дека сиромашниот дел на светот навистина страда ако климатските промени не се контролираат.
Зброувајќи им на верниците и туристите во текот на неделната миса во Ватикан, папата Франсис истакна дека имплементацијата на Парискиот договор бара заеднички напори и дарежлива посветеност од сите.
Тој ја повика меѓународната заедница да продолжи да работи внимателно на патот "во знак на солидарност која ќе стане уште повеќе позитивна."
Владини претставници од речиси 200 земји минатата ноќ го усвоија првиот глобален договор за борба против климатските промени, со кој се повикуваат сите земји да направат заеднички чекор кон намалување а потоа и отстранување на гасовите кои го создаваат ефектот на „стаклена градина“.