Meltem Bulur
16 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Извори од Министерството за надворешни работи на Турција велат дека вестите дека терористичката организација ЈПГ/ПКК е целосно повлечена од сириски Мунбич ги сметаат за преувеличени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Овие извори нагласија дека вестите околу оваа тема се преувеличени, и дека процесот во оваа насока е во тек.
Според нив, продолжува повлекувањето од контролните точки кои се наоѓаат на патролната рута.
„Подготовките за заедничка патрола се во тек. Затоа, вестите околу тоа дека ЈПГ/ПКК во оваа фаза е целосно повлечена од Мунбич не ја одразуваат вистината“, истакнаа извори од турското МНР.