Ahmet Gürhan Kartal
18 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Жозе Мурињо повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, по слабите резултати на фудбалскиот тим оваа сезона, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Клубот би сакал да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во текот на неговото време во Манчестер Јунајтед и да му посака успех во иднина“, се вели во соопштението на клубот.
„Новиот менаџер ќе биде назначен до крајот на оваа сезона, додека клубот спроведува темелен процес за нов менаџер со полно работно време“, се додава во соопштението.
Договорот со Мурињо, кој беше потпишан во 2016 година, по две и пол години заврши по поразот од Ливерпул, со 3:1.
Клубот ја освои Лига Европа и Лига купот на Англија во сезоната 2016-2017 година, а се наоѓа на второ место на Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед, за време на водењето на клубот од страна на Мурињо, на новите играчи има потрошено околу 364 милиони фунти (460 милиони долари).
Клубот се наоѓа на шестото место со 7 победи, 7 нерешени и 5 загуби по 17 натпревари оваа сезона, со освоени 26 поени.
Мурињо претходно беше менаџер на Челзи, откако го напушти шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2015 година.
Бенфика, Порто и Интер се други големи клубови на кои Мурињо претходно беше менаџер.