Ahmet Gürhan Kartal
29 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ЛОНДОН (АА) - Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј соопшти дека таа од Европската Унија (ЕУ) ќе побара повторно отворање на Договорот за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпалот на Меј, на брифинг изјави дека премиерката им кажала на европските лидери оти има намера повторно да ги отвори преговорите за Брегзит, со цел нејзиниот договор да биде одобрен во Парламентот.
Таа ја даде оваа изјава ден пред британските пратеници да гласаат за серијата амандмани во врска со Договорот за повлекување (од ЕУ) и за стратегијата на Владата за Брегзит.
ЕУ постојано велеше дека тие нема повторно да преговараат за Договорот, туку дека ќе го земат предвид продолжувањето на процесот за член 50.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, доколку членот 50 не се продолжи.
Меѓу амандманите кои треба да бидат изгласани, доколку денес добие зелено светло од претседателот на Парламентот, Џон Берков, ќе биде и амандманот подготвен од пратеничката на Лабуристичката партија, Ивет Купер, кој бара од пратениците да го одложат датумот за Брегзит до 9 месеци, доколку Договорот не може да се ратификува до 26 февруари.
Другиот амандаман предложен од конзервативната пратеничка Грахам Бреди, има за цел да ѝ даде на премиерката мандат да се врати во Брисел за да преговара за алтернативната резервна клаузула, на која се противи парламентарното мнозинство.
Гласањето ќе се одржи вечерва.